ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Вреди денеска треба да ги продолжат разговорите на ниво на работни групи за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка.
-Соработката ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. – Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, информираше ВМРО-ДПМНЕ по средбата што се одржа завчера во штабот на Вреди.
На средбата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата Вреди Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
Од коалицијата Вреди по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.