Радослав Батак до неодамна тренираше фудбалери на Војводина, а како играч, дел од кариерата мина во Русија. Тогаш играше за Динамо од Москва. Сега на Русите им соопшти зошто Србите го сакаат Владимир Путин.
– Го сакаат затоа што Србите отсекогаш почитувале силни лидери со свое мислење, кои се способни да променат нешто на подобро. Да се потсетиме како беше порано во Русија. Путин во последните 20 години го подигнува нивото на спортот, инфраструктурата и други работи – рече Батак, а потоа откри што работи во моментов:
– Сега сум невработен, па се трудам да не седам мирен. Многу патувам низ Европа за да гледам фудбал во живо. Пред некој ден се вратив од Италија. Следниот месец планирам да летам за Шпанија и Германија на пракса во неколку клубови од Ла Лига и Бундеслига.
Батак откри и како ја напуштил Војводина.
– Ја презедов Војводина во февруари 2023 година, тимот беше на шестото место и повеќе немаше можност за доведување нови играчи. Многу фудбалери, вклучително и оние од академијата, успеавме да доведеме до врвот на формата, а заработивме и од продажба во летото. Војводина ја заврши сезоната во зоната на европските купови. И тогаш, како што често се случува во Србија, тимот едноставно немаше цел за сезоната – изјави Радослав.