Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан во петокот објавија дека станале родители по трет пат – добиле девојче.
Цукерберг објави фотографија од бебето на социјалната мрежа Инстаграм и го откри името што го избрале за новороденчето.
„Добредојде во светот, Аурелиа Чан Цукерберг! Ти си толку голем благослов“, напиша тој во објавата.
Потсетуваме, парот во септември минатата година на социјалните мрежи објави дека ќе добие трето дете. Инаку, Цукерберг и неговата поранешна колешка од Универзитетот Харвард веќе имаат две ќерки, Макс (7 г.) и Август (5 г.).