Разбиена француско-израелска група која се стекнала со 38 милиони евра преку т.н директорска измама, осуммина уапсени

Со заедничката истрага на неколку европски полициски сили, вклучително и хрватските, и со поддршка на Европол, е разбиена француско-израелска група која се стекнала со околу 38 милиони евра со перење пари на лажни директори на компании преку неколку банкарски сметки во ЕУ, Кина и Израел.

Полициската управа денеска соопшти дека се уапсени осуммина осомничени од криминалната мрежа составена од француски и израелски државјани, која е вмешана во голема измама на таканаречени извршни директори, кои за само пет дена „извлекле“ повеќе од 38 милиони евра.

Нивна цел биле фирми во Франција, при што еден од осомничените лажно се претставувал како извршен директор на француска компанија специјализирана за металургија, барајќи од сметководителот итен и доверлив трансфер на 300.000 евра во банка во Унгарија.

Измамата била откриена неколку дена подоцна кога сметководителот, мислејќи дека дејствува за директорот на компанијата, се обидел да изврши трансфер од 500.000 евра, компанијата поднела пријава, а истражителите дополнително утврдиле дека повикот од наводниот извршен директор дошол од Израел.