,,Разговарав со него” – Немања откри како се чувствува неговиот брат (видео)

Српскиот репрезентативец и фудбалер на Севиља, Немања Гудељ, проговори за ужасната ситуациј која вчера ја доживеал неговиот брат Драгиша.

По натпреварот против Виљареал, играчот од средниот ред на Севиља застана пред новинарите кои се интересираа како се чувствува Драгиша .

Искусниот фудбалер не беше претерано расположен за приказната, туку само даде кратка изјава:

,,Зборував со него малку. Сè е во ред, благодарам“, изјави Немања Гудељ.

Да потсетиме, Драгиша Гудељ вчера повторно колабираше во игра. Се играше 28. минута од натпреварот Мелија – Кордоба кога братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ доживеа срцев удар.