Таткото на Вања се лигавел пред инспекторите! Тврди дека не учествувал во киднапирањето на ќерка си: „Не можел да ги задржи солзите“

Како што се дознава, таткото до доцна попладнево давал изјава во полиција, но ги негирал сите наводи, иако е осомничен врз основа на сведочењето на еден од осомничените.

Таткото на убиеното девојче се расплакал додека давал исказ пред криминалните инспектори кои му земале изјавата.

– Не можеше да ги задржи солзите. Тој плачеше и плачеше, дури во еден момент викаше за неговата убиена ќерка. Негираше дека има врска со нејзиното киднапирање и ликвидација – тврдат извори од истрагата.

Да потсетиме, Вања беше киднапирана пред влезот во станот, монструозно и’ биле врзани рацете и нозете, по што била ,,пикната” во вреќа за спиење. Набргу била убиена и погребана во село во околината на Велес.