Разголената Ким Кардашијан ја копира Бјанка! Едвај ги задржа бујните гради во проѕирен комбинезон

Споредбата меѓу Ким Кардашијан и Бјанка Сенсори трае подолго време, а прашина крена нова реклама во која таа се појави.

Ријалити ѕвездата  Ким Кардашијан  се појави гола како  дел од кампањата за нејзиниот бренд . Во трико со боја на кожа, таа многумина ги потсети на  Бјанка Ценсори , сопругата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.

„Таа изгледа како Бјанка на црвениот тепих“, „Мислев дека тоа е Бјанка Ценсори“, „Ким изгледа баш како Бјанка“, „Бјанка Ценсори, дали ти е?“, „Таа овде неверојатно личи на Бјанка“, се само дел од коментарите.

Споредбата меѓу Ким и Бјанка трае веќе подолго време.  Самиот Канје еднаш тврдеше дека секој од неговите партнери драстично го менува стилот на облекување додека се со него. Ким подоцна призна дека критиките на Канје ја принудиле целосно да го промени начинот на облекување.

Скандал на Греми наградите

Канје и Бјанка неодамна предизвикаа скандал на Греми наградите. Тие се појавија заедно на црвениот тепих, а Бјанка во еден момент го соблече црниот капут и откри проѕирен фустан под кој не носеше долна облека.

Бјанка Ценсори и Канје Вест

Полицијата наводно ги придружувала од настанот, додека Канје подоцна го пофалил изгледот на Бјанка на социјалните мрежи.