“РАЗОЧАРАНА СУМ, НЕ МЕ ПОЧИТУВААТ!“ – Тенисерката број еден во светот со остри критики кон ВТА: “Не се чуствувам безбедно…“

Тенисерката број еден во светот, Белорусинката Арина Сабаленка ја критикуваше Женската тениска асоцијација (ВТА) за катастрофалните услови на завршниот турнир во Канкун.

Ноќта меѓу неделата и понеделникот, во првото коло на завршниот ВТА турнир, Арина Сабаленка ја победи Гркинката Марија Сакари со 6:0, 6:1, но и покрај убедливиот триумф, по натпреварот не беше во претерано расположена состојба.

Среќна сум што успеав да останам фокусирана, и покрај условите на теренот. Морам да кажам дека ВТА многу ме разочара, како и претходното искуство на ВТА финалето. Како што кажав на прес-конференцијата, како тенисерка не чувствувам дека ВТА почитува. Мислам дека повеќето не се чувствуваат така“, напиша Арина Сабаленка во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа истакнува дека условите за игра се неприфатливи.

Ова не е нивото на организација што го очекуваме за финалето. Искрено, на овој терен често не се чувствувам безбедно кога се движам, одбивањето на топката не е изедначено, а до саботата не добивме шанса да вежбајте на овој терен. Кога има толку многу во игра и кога влогот е толку голем, тоа за мене е неприфатливо“, додаде Арина Сабаленка.

Таа им се заблагодари на организаторите за огромниот напор и труд.

Знам дека тие не се виновни за ова и сакам тие да го знаат тоа, како и мексиканските тениски обожаватели. Ги сакам и ценам. Многу сум среќна што сум во Мексико, само лута сум на ВТА поради оваа ситуација“, изјави Арина Сабаленка.