Разплакана мајка го праша Путин: Што ѝ должи мојот син на својата татковина што тој долг мораше да го плати со својот живот? (ВИДЕО)

Очајна поради смртта на нејзиниот син Валентин (18), Елена од Рибинск му пиша на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи објаснување зошто нејзиното дете, тогаш сè уште регрут, е испратено на бојното поле во Украина, и покрај официјалните ветувања од Кремљ дека регрутите нема да учествуваат во борбите.

Како дел од неговиот задолжителен воен рок, Валентин бил распореден во областа Курск и стациониран недалеку од границата со Украина. Меѓутоа, во август имаше украински прекуграничен напад, а еден месец подоцна тој почина.

„Таму требаше да има специјално обучени луѓе, а не деца“, вели Елена, додавајќи дека нејзиниот син е далеку од подготвен војник.

– Каков војник е тој? Тој не е војник, изјави таа за Sky News.

Русија го прогласи Валентин, како и многу други паднати војници, за херој, но тоа не ѝ дава утеха на неговата мајка. Во писмото што го испрати до Путин, таа го поставува клучното прашање:  „Што правеа нашите деца таму?”

Таа вели дека никогаш не добила никаков одговор.

– Во тој момент само сакав да го превртам целиот свет наопаку. Кој вели дека обврзникот должи нешто? Што ја задолжи мојот син татковината што тој долг мораше да го плати со живот?

Валентин беше убиен неколку недели пред неговиот 19-ти роденден, по речиси една година воена служба. Беше одличен ученик и можеше да го одложи заминувањето, но инсистираше веднаш да замине.

Во семејниот стан Елена е опкружена со фотографии од нејзиниот син.

– Сè уште го чекам да дојде дома, иако го видов неговото тело. Понекогаш седам и размислувам кои би можеле да бидат моите внуци. Невозможно е да се живее вака. Ова не е живот, вели та низ солзи.

Руските власти не објавуваат официјални податоци за воените жртви, но британските проценки покажуваат дека повеќе од 750.000 руски војници се убиени или ранети од почетокот на инвазијата. Валентин беше погребан на гробиштата во предградието на Рибинск, каде покрај неговиот гроб стојат десетици гробови со руски знамиња, вклучувајќи го и оној на војник кој почина истиот ден како него.

Иако јавното критикување на војната во Русија е опасно и може да доведе до затворски казни, Елена сака да ги спречи другите мајки да ја искусат нејзината болка.

– Сакам само едно – сите деца да се вратат дома. Сакам да не слушнат и да ни ги вратат децата во истата состојба што им ја дадовме, а не ладни во ковчези.