Ракитиќ бил вмешан во измама од повеќе милиони долари: Илјадници Шпанци останале без пари (фото)

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ ги поминува последните играчки денови во Хајдук Сплит, а неговата идила би можела да биде нарушена бидејќи е вмешан во голема измама.

Имено, угледниот шпански весник „Ел Периодико“ објавува дека Ракитиќ, заедно со неколку други поранешни фудбалери на Севиља, е вмешан во крипто измама.

Заедно со Ракитиќ обвинети се и Папу Гомез, Лукас Окампос, Хавиер Савиола, Нико Пареха и Алберто Морено.

Компанијата „Ширтиум Европа“ се занимаваше со продажба на NFT и предмети тесно поврзани со нивниот лик и работа.

Цената на некои NFT достигна до 450 евра, а на инвеститорите им беше ветена ексклузивност и вредност на растечкиот крипто пазар.

Фудбалерите играле активна улога во промовирањето на проектот, според тужбата поднесена од 12 повредени шпански граѓани.

Тие го искористија својот углед за да привлечат инвеститори, претставувајќи се како амбасадори и „основачи“ на платформата, давајќи ѝ на целата операција изглед на легитимитет и безбедност.