Ракот на белите дробови сè почест кај непушачите: Еден тип на рак на белите дробови се почесто се дијагностицира кај луѓе кои никогаш не пушеле цигара
Ракот на белите дробови се проценува дека е 5-та водечка причина за смрт од рак во светот кај луѓето кои никогаш не пушеле.
Ракот на белите дробови кај непушачите е се почеста дијагноза, а новото истражување укажува на загрижувачки пораст на случаите кај луѓето кои никогаш не запалиле цигара. Но, иако бројот на пушачи во светот по население се намалува, ракот на белите дробови сè уште предизвикува речиси 2 милиони смртни случаи годишно.
Аденокарциномот е најчест тип на рак на белите дробови во светот.
Меѓународен тим на научници, кој стои зад новото истражување, откри дека стапката на рак на белите дробови кај оваа група луѓе може да биде поврзана со зголемување на нивото на загадување и последователно оштетување на здравјето.
– Бидејќи ракот на белите дробови е водечки рак во светот, неопходно е сеопфатно разбирање на променливите епидемиолошки обрасци и нивните потенцијални причини – наведуваат истражувачите во нивниот објавен труд.
Анализирајќи ги статистичките податоци од Глобалната опсерваторија за рак (GLOBOCAN) од 2022 година, како и други регистри за инциденца на рак од 1988 до 2017 година, истражувачите го идентификуваа аденокарциномот како најчест тип на рак на белите дробови ширум светот, со 45,6 проценти од случаите на рак кај мажите и 7 проценти кај жените.
Ракот на белите дробови кај непушачите е последица на глобалното загадување
Аденокарциномот започнува во жлездите, и иако сигурно може да биде предизвикан од пушењето, тој не е „број еден“ тип на рак кај пушачите, туку најчестиот тип на рак на белите дробови кај непушачите. Споредувајќи ги нивните наоди со претходните студии, истражувачите идентификуваа тренд на зголемување на случаите на рак на белите дробови кај луѓе кои никогаш не пушеле. Ова е нешто што научната заедница треба да го реши, апелираат истражувачите, како и напорите да се натераат пушачите да се откажат и да ги обесхрабрат младите да почнат да пушат.
– Со оглед на тоа што преваленцата на пушењето продолжува да се намалува во многу земји во светот, процентот на рак на белите дробови кај луѓето кои никогаш не пушеле се зголеми. Конкретно, ракот на белите дробови кај луѓето кои никогаш не пушеле се проценува дека е петта водечка причина за смрт од рак ширум светот, што се јавува речиси исклучиво како аденокарцином и најчесто кај жените и азиската популација – наведуваат научниците, посочувајќи дека дел од причината зошто ракот на белите дробови е сè почест кај непушачите е зголемувањето на загаденоста на воздухот, како што покажаа неколку претходни студии загаденоста на воздухот.