Рама на судење на водачите на ОВК: Се бореа против етничкото чистење

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за РТШ изјави дека поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово на кои им се суди во Хаг се бореле против етничкото чистење. „Нешто сериозно не е во ред со овој процес.

„Нешто сериозно не е во ред со овој процес. Во најнегативна смисла сум изненаден од фактот што водачите и командантот на народно-ослободителното движење, не организирана војска, туку бунт против бруталниот режим кој се обиде да изврши етничко чистење Албанците од Косово се обвинети за воени злосторници. Лицето кое американскиот претседател Џо Бајден го нарече Џорџ Вашингтон од Косово денеска е зад решетки. Тој е затворен без обвинение, и ова ја надминува секоја имагинација за меѓународното и националното право, ме тера да размислувам дали тоа ќе биде судбината на претседателот Зеленкси по неколку години. Еден ден можевме да го видиме и овој херој, на кого сите му се восхитуваме, зад решетки“, тврди Рама.