Рамос сака да ја заврши кариерата во Севиља

Шпанскиот 37-годишен дефанзивец Серхио Рамос нема намера да го продолжи договорот со францускиот првак ПСЖ, туку сака да се врати во редовите на Севиља каде ја започна својата блескава кариера.

Рамос, кој во кариерата одигра дури 180 натпревари за шпанската репрезентација, не сака да остане во Париз, а одби и богата понуда за продолжување на кариерата во Саудиска Арабија.

Шпанските медиуми објавија дека желбата на Рамос е да се врати таму каде што ја почна кариерата.

Рамос е роден во Камас, недалеку од Севиља и во овој шпански прволигаш настапуваше до заминувањето за Реал Мадрид. Дресот на Кралскиот клуб го носеше од 2005 до 2021 година, кога се пресели во ПСЖ.

Медиумите наведуваат дека Рамос е подготвен да се врати во андалузискиот прволигаш за многу пониска плата, но оти клупското раководство и натаму размислува за овој евентуален трансфер, бидејќи приоритет на клубот е подмладување на играчкиот кадар