„Рамо до рамо“ во Тетово, Желино и Маврово Ростуше, Теарце и Јегуновце: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против сите стратешки одлуки, коридорите се национален интерес
– СДСМ ги продолжува теренските активности „Рамо до рамо до победа“, со средби и разговори со граѓаните во Тетово, Желино, Маврово Ростуше, Теарце, Јегуновце, Гостивар и Врапчиште.
Рамо до рамо со граѓаните на општина Теарце беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски кои порачаа дека СДСМ работи а опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат.
-Додека СДСМ работи ВМРО-ДПМНЕ и Левница блокираат. Опозицијата го блокираше Собранието среде криза, најавуваше рестрикции на струја и крах на енергетскиот систем. И покрај блокадите го заштитивме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите кога беше најтешко. Ништо од најавеното од опозицијата не се случи. Реализиравме антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот и успешно се справивме со кризата. Сега повторно опозицијата гледаме дека шири нови лаги, овој пат за коридорите. Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес. Од кружен тек, со изградбата на коридорите конечно да бидеме вистинска крстосница на Балканот, да се порземе и на релација исток-запад. Тоа е добро за развој на македонската економија, за бизнисот и за државата. Ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура. А ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на проруската Левица води хајка со лажни вести против коридорите и против американската компанија. Зарем треба да дозволиме хаос како со автопатот Охрид-Кичево? Не, потребни ни се модерни автопати напревени брзо и квалитетно, рече Шукова.
Рамо до рамо со граѓаните на општина Јегуновце денеска беа Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски, членови на Извршниот и Централниот одбор на партијата.
На маалска средба со граѓаните Спасовски порача дека со СДСМ граѓаните се чувствуваат безбедни и сигурни, не само заради политиките коишто значат сигурност на државата туку и заради постигнатиот резултат со намалување на стапките на криминалитет и зголемена безбедност во сообраќајот.
-Политиките на СДСМ за интеграција и членство во НАТО ја обезбедија безбедноста на државата и нејзините граници. Денеска гледаме колку е значајно членството во НАТО кога има војна на тлото на Европа. На внатрешен план исто така имаме резултати кои најдобро говорат за сработеното. Имаме вкупно намалување на целокупниот криминалитет во земјава и тој позитивен тренд продолжува и оваа година. Само за првите четири месеци оваа година имаме намалување на криминалитетот за над 12%. Статистиките за криминалитетот, сообраќајот и количините на запленета дрога се подобри од минатата година, а минатата година е една од најдобрите години во сите сегменти на безбедноста и борбата со криминалот од осамостојувањето до денес, рече Спасовски.
Спасовски пред присутните порача дека СДСМ е гарантот за стабилна и сигурна иднина на државата, гарант за економски раст и рамномерен регионален раст, додека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица прават се за да и наштетат на државата.
За стратешкиот проект од национален интерес за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д, со граѓаните на општина Маврово Ростуше зборуваа Борис Тунџев и Пеце Мирчевски.
-Со најголемата инвестиција во последните 30 години, изградбата на коридорите 8 и 10Д ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура. Да бидеме крстосница на Балканот значи геостратешка, политичка и економска придобивка за земјава. Зошто некоја опозицијата е против овој проект треба да каже ВМРО-ДПМНЕ но јасно е дека сакаат само да предизвикаат штета. Гледаме во Србија дека американската компанија градела на сличен начин. Зошто таму опозицијата не блокирала? Само кај нас се случува опозицијата да биде против стратешките одлуки. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против сите стратешки одлуки од национален интерес, истакна Тунџев, нагласувајќи го значењето на овој проект за економијата, безбедноста во сообраќајот и регионалниот развој.
Претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчевски рече дека СДСМ ќе ги продолжи политиките за развојот на полето на обновливите извори и зелената енергија.
-Во 2022 година СДСМ во државата има инсталирано нови 182 мегават производни капацитети, главно во фотоволтаици. Тоа значи снабдување на околу 67.000 домаќинства. Продолжуваме со изградба на државните проекти. Комплетна замена на ТЕЦ Осломеј со фотоволтаична централа, каде веќе се изградени 10 мегавати. Во тек е проектирањето и изградбата на останатите 110 мегавати со што ќе бидеме први во регионот кои ќе го применат европскиот зелен договор, односно замена на необновливи извори на енергија со обновливи извори на енергија, рече Мирчевски.
Со граѓаните на Желино рамо до рамо беа Никица Бачовски и Благојче Трпевски, кои се осврнаа на успешните земјоделски политики на СДСМ и на поддршката за земјоделците.
Ветивме засилена поддршка кон сите земјоделци и тоа го правиме, Имаме најголем износ на буџетот за земјоделството досега, продолжуваме со вистинска грижа за сите земјоделци, засилени инвестиции во земјоделството, што доведе до унапредување на условите, зголемување на откупните цени, рекордни цени на тутунот, истакна Бачовски, додавајќи дека времето на уценување и понижување на земјоделците заврши, кога ВМРО-ДПМНЕ се симна од власт, сега субвенциите се исплаќаат навреме и неселективно, а годинава за првпат сите земјоделци ќе добијат и 30 отсто авансна исплата, како дел од новиот модел за поддршка на оваа клучна стопанска гранка.
Во Тетово беше Ана Данева Маркова, која со граѓаните зборуваше за економските политики на Владата предводена од СДСМ, со кои минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите во март забележаа рекорден раст од 8,4 проценти, за дополнителна заштита на стандардот на граѓаните, цените на основните прехранбени продукти се намалени и замрзнати.
Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и меѓу граѓаните на Гостивар и Врапчиште.
Членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски заедно со Пламенка Бојчева денеска разговараа со граѓаните на Врапчиште за мерките и политиките што СДСМ ги спроведува, како и за плановите во наредниот период.
На маалска средба во Врапчиште, членот на Централниот одбор на партијата, Благој Бочварски, порача дека проектот за изградба на коридорите 8 и 10д е национален и државен интерес, најголема инвестиција вредна 1.3 милијарди евра која носи низа придобивки за граѓаните.
-Граѓаните не избрале да ги реализираме проектите кои што се од национално и стратешко значење. 32 години независност а ние сега се уште треба да зборуваме дали треба да се изградат автопатиштата во државата или не како што вели опозицијата? Да поминат 32 години и да зборуваме за патот кон Охрид дали треба да биде автопат, Коридор 8? Тоа не е реална дебата, тоа е само хајка против коридорите и против овој стратешки проект. Буквално за секоја стратешка одлука важна за земјата ВМРО-ДПМНЕ била и е на погрешната страна. Ние нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и Левница да ги блокираат стратешки важните проекти затоа што блокадите се на штета на граѓаните и на земјата, рече Бочварски.
Рамо до рамо со граѓаните Гостивар денеска беа Кирил Парталов и Размена Чекиќ. На средбите се осврнаа на политиките на СДСМ за унапредување на животниот стандард на граѓаните, со кои минималната плата од едвај 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ, е покачена на 20.175 денари, просечната плата порасна за 44 отсто на околу 34.000 денари, а пензиите до крајот на годината ќе бидат поголеми за една четвртина.