Раперката објави експлицитни фотографии од Мекгрегор, тврди дека ѝ се заканил: „Ова е харам“

Американската раперка Азелија Бенкс сподели експлицитни фотографии на социјалните мрежи што ѝ ги испратил ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор. Таа тврди дека тој ѝ се заканил ако ги објави.

„Како можеш да ѝ праќаш на кучка слики од твоите гениталии, а потоа да ѝ се закануваш да не каже ништо? Човече, знаеш ли која сум јас? Ова е „харам““, напиша таа.

Таа понатаму го прашала како може „сексуално да ја вознемирува со своите гениталии, а потоа да ѝ се заканува да не каже“.

„Душо, не се обидуваш ли да бидеш претседател на Ирска? Што по ѓаволите правиш? Те молам користи крема за сончање“, напиша таа на X.

Мекгрегор оттогаш е отстранет од социјалната мрежа поради кршење на нејзините правила.

На гореспоменатата социјална мрежа следеа бројни реакции, а некои следбеници ја обвинија за порнографија со одмазда. Таа, меѓу другото, рече дека си испраќале експлицитни фотографии од 2016 година.