РАСКОЛ ВО ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски му одговори на Никола Груевски: “Правиш јавна пародија“ – како професорот стана ‘помоќен’ од ‘боксерот’ !?

По речиси еден ден молк, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му одговори на својот претходник на таа позиција во партијата, Никола Груевски, на прозивките кои вчера екс-премиерот и бегалец ги објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонската јавност претходниот ден беше сведок на јавен конфликт помеѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Веќе некое време „под маса“ владее конфликт во најголемата македонска опозициска партија, а вчера тоа се потврди со статусот на Никола Груевски објавен на социјалните мрежи.

Христијан Мицкоски и Никола Груевски

Имено, претходниот ден, Никола Груевски даде одговор на интервјуто на Христијан Мицкоски за германскиот весник FEZ, каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го обвинува својот претходник за т.н. „валкан дил“ со Владата на Република Македонија односно СДСМ.

Никола Груевски не остана рамнодушен и експресно се огласи со статус на социјалната мрежа Фејсбук, во кој јавно го повика Христијан Мицкоски да даде одговор на неговите изнесени ставови во интервјуто и му постави две прашања.

1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум; 2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата“, стои во објавата на Никола Груевски.

Никола Груевски исто така порача дека се надева дека ќе добие јасен одговор, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, а исто така додаде дека одговорот сака лично да го добие од Христијан Мицкоски, што денес тоа се случи.

Во „војната“ на социјалната мрежа Фејсбук, Христијан Мицкоски денес му го даде „посакуваниот“ одговор на Никола Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во објавата вели дека жали поради тоа што Никола Груевски се одлучил на чекор да прави јавна пародија и да служи според него, за дефокус од криминалот на оваа криминална власт.

Те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин: Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018, ова е друго време“, стои во објавата на Христијан Мицкоски.

Лидерот на опозицијата порача дека вистината ја знаат тој и Никола Груевски и нагласи дека изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно.

КАКО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СТАНА „ПОМОЌЕН“ ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ ?

Веќе извесно време, во политичките анализи на новинарот Васко Ефтов и емисијата „ВО ЦЕНТАР“ се зборува за тој „раскол“ во ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментот, системот на Никола Груевски гледаме како се распаѓа пред нашите очи.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23E01: Како Христијан Мицкоски стана помоќен од Никола Груевски !? – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #tiktokmacedonia #VMRO #VMRODPMNE #NikolaGruevski #HristijanMickoski

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Христијан Мицкоски кој беше под контрола на Никола Груевски, изминатите три или четири години, прво преку Јордан Орце Камчев, а подоцна преку поранешниот претседател на Владата и претседател на СДСМ, Зоран Заев, е земен од чинелот на Никола Груевски. Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е всушност е „плашилото“ со помош на кого големата македонска олигархија сака да пазари со меѓународната заедница, па токму поради ова, Христијан Мицкоски се чуствува дека е многу помоќен од Никола Груевски а во тоа му помагаат македонските олигарси и длабоката држава, а со тоа влегува во процеси со кои им се спротиставува меѓународната заедница и ги блокира сите процеси на Македонија за членство во Европската унија.

Последната политичка анализа на Васко Ефтов, а воедно и прва емисија во новата 23. сезона на емисијата „ВО ЦЕНТАР“ можете да ја погледнете во видеото овде.