Распарченото тело на Србин пронајдено во стан во Виена: „Телото било во када, рацете и нозете во други простории“
Во станот била пронајдена и комплетна опрема која убиецот или повеќе од нив ја користеле за касапење, но и за чистење
Државјанин на Србија, чиј идентитет се уште не е утврден, бил пронајден мртов во стан во Виена, а телото било осакатено.
Според извори на Курир , телото на маж, чиј труп бил пронајден во поодмината фаза на распаѓање, било пронајдено во када во бањата, додека отсечени раце и нозе биле пронајдени во други простории.
– Полицијата дошла во станот поради дојава дека таму се одгледува марихуана. Во потрага по дрога, инспектори упаднале во станот. Во него немало никој, а навистина била пронајдена марихуана. Но, покрај дрогата, пронајден е и труп на маж – вели изворот на Курир и додава дека на инспекторите од вратата им било јасно дека во станот се случило кривично дело.
– Само што влегле во станот, виделе делови од човечко тело. Понатамошна потрага откри тело во бањата, со голема расекотина на вратот – додава изворот.
Во станот била пронајдена и комплетна опрема која убиецот или повеќе од нив ја користеле за касапење, но и за чистење.
– Пронајдени се филмови, најлон, хемиски средства. Се претпоставува дека намерата на џелатот била целосно да го распарчи телото и да се ослободи од него, но нешто се случило меѓу сторителите, па решиле само да го остават телото и да побегнат – вели изворот на Курир.
Инаку, во станот биле пронајдени документи на тројца Срби.
– Во станот се пронајдени документи на име А.Ј., Л.Р. и Ж.Ј. Сите тие се од поширокото подрачје на Белград и немаат криминално досие во Србија – додава изворот на Курир.