Распишана е потерница по двајца адвокати на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Министерството за внатрешни работи на Русија претходниот стави двајца адвокати на опозицискиот политичар Алексеј Навални на потерница, објави медиумската агенција Reuters.

Олга Михајлова и Александар Федулов се најдоа на листата на барани лица, а претходно Олга Михајлова беше првата која беше ставена на потерница. И двете лица се наоѓаат надвор од Русија.

Уште тројца адвокати на Алексеј Навални беа уапсени во октомври минатата година под сомнение дека припаѓаат на „екстремистичка група“.

Поддржувачите на руската опозиција велат дека властите ги гонат неговите адвокати за да ја продлабочат изолацијата на Алексеј Навални во затвор, каде што издржува казна од над 30 години.

Алексеј Навални неодамна беше префрлен во казнена колонија на северот на Урал, која се наоѓа во Харпа, во Арктичкиот круг, на околу 1.900 километри од Москва.