ВИДЕО | Од ова место еден од најбогатите луѓе во светот започна да ги прави милионите: Куќата во која се роди “Amazon“ на Џеф Безос објавена на продажба

Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, поседува голем број луксузни имоти вредни стотици милиони долари, но еден дом поврзан со основачот на Amazon штотуку се појави на пазарот за продажва за „само“ 2,3 милиони долари.

Куќа во Белви, Вашингтон, претставува важен дел од историјата на Amazon. Во гаражата на куќата во која Џеф Безос живеел во 1990-тите години, е основан гигантот Amazon во 1994 година, пишува Business Insider.

Џеф Безос ја изнајмувал оваа скромна куќа од речиси 150 метри квадратни за 890 долари месечно. Имотот е изграден во 1954 година, но е реновиран во 2001 година, според огласот на Zillow.

Всушност, домот делумно му се допаднал на Џеф Безос затоа што сакал да покаже како изградил стартап од гаража, во традицијата на Силиконската долина.

Не е јасно дали гаражата била значително променета за време на реновирањето“, изјави за Ski Realty агентот Лин Шен од Си.

Куќата е продадена за 182.000 долари во 1998 година; и 375.000 долари во 2005 година; за 620.000 долари во 2009 година; и 1,53 милиони долари во 2019 година. Сега на 18. јануари на пазарот се појави со цена од околу 2,3 милиони долари.

Иако е многу поскромна куќа од која било од неодамнешните резиденции на Џеф Безос, слободно може да се каже дека оваа куќа била клучна во создавањето на милијардите на Џеф Безос– 183 милијарди долари поточно.