Луис Хамилтон проговори за неговата преселба во “Ферари“: “Дојде моментот да сменам нешто и да преземам нов предизвик“

Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон проговори за неговата преселба во Ферари.

Дојде моментот да смениме нешто и да преземеме нов предизвик. Сè уште се сеќавам на чувството кога се приклучив на Мерцедес во 2013 година. Знам дека некои луѓе тогаш не го разбираа тоа, но јас бев во право, а истото чувство се појави кај мене сега. Едвај чекам да видам како ќе ја искористам оваа можност и што можеме да направиме. Не размислувам за 2025 година во моментов. Фокусиран сум на претстојната сезона и враќање на вистинскиот пат со Мерцедес. Помотивиран сум од било кога, во подобра форма сум, фокусиран сум и сакам да му помогнам на Мерцедес повторно да победи. Јас сум 100 отсто посветен на мојата работа и решен да ја завршиме нашата соработка како тим на врвот“, напиша Луис Хамилтон во објава на социјалните мрежи.

Претходно беше објавено дека Луис Хамилтон ќе заработува 50 милиони евра годишно во Ферари, а земајќи ги предвид различните бонуси, оваа сума може да достигне 100 милиони.

На 1. февруари, Ферари објави потпишување на долгорочен договор со 39-годишниот возач. Тој ќе се приклучи на тимот од сезоната 2025 година.