ПОТЕГ КОЈ РЕЧИСИ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ – Новак Ѓоковиќ ќе игра во Индијан Велс за првпат од 2019 година

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ планира да се натпреварува во Индијан Велс. Мастерсот се појави во распоредот на Србинот на неговата официјална веб-страница.

Новак Ѓоковиќ ќе игра таму за првпат од 2019 година. Тој е петкратен шампион на турнирот во Калифронија.

Мастерсот во Индијан Велс ќе се игра од 4. до 17. март.