Расправијата меѓу Топчагиќ и Лукиќ продолжува! Сопругот на Нада мораше да се јави, Лепа откри сè (фото)

Фолк пејачката Лепа Лукиќ пред неколку дена одржа проштален солистички концерт во Белград. Со овој спектакл таа одбележа 56 години од својата кариера, а на настанот присуствуваа многу колеги кои дојдоа да ја почестат.

Сепак, иако се очекуваше да гостува нејзината долгогодишна пријателка и соработничка, Нада Топчагиќ, на сцена стапи нејзината замена Зорана Миќуновиќ, а Лепа отворено призна дека Нада во последен момент ја откажала посетата, што особено ја повредило:

-Не ми се ни јави, но последниот ден и’ се јави Миша Мијатовиќ и дури тогаш му кажа дека не може да дојде, иако претходно ми потврди. Ја прашав дали е можно на 22 октомври да ми откаже? Таа одговори со ,,Да” . Јас да се ​​согласев да бидам нечиј гостин на концерт, ќе откажав сè, затоа што сум дала збор. Но, Нада ден пред концертот ми вели: „Во Тиват сум, одам во Италија на прошетка“. Најпрвин прифати а потоа одби! Јас не спречувам некој да земе пари, знам дека секој сака да печали, но… Тогаш и’ се јавивме на Зорана Миќановиќ, која убаво ги испеа моите две песни. Ме повреди Нада, но сепак ја сакам, знае да закашка нешто, но е добра како човек – рече Лукиќ за српски Свет.

Медиумите во оваа прилика сакаа да ја слушнат и другата страна на приказната, па ја повикаа Топчагиќ.

Имено, нејзиниот сопруг Златко се јавил и не бил расположен да објасни што го предизвикало проблемот: