Раствор за чистење на дебелото црево: Пијте го овој напиток на празен стомак и ќе видите како килограмите се топат
Едноставен и природен начин за полесно отстранување на бактериите и токсините од вашето тело е да ја консумирате оваа смеса секое утро
„Чистењето“ на дебелото црево е добар начин за регулирање на варењето и чистење на телото од токсини.
Водата е добар начин да се регулира варењето и да се обезбеди добро функционирање на целото тело. Едноставно потребно е да се испие шест до осум чаши млака вода во текот на денот.
Експертите советуваат консумација на свежо овошје и зеленчук со висока содржина на вода.
Исто така, можно е да се исплакне дебелото црево со солена вода. Совет е да измешате две лажички морска сол со млака вода и да го пиете овој напиток на празен стомак.
Водата и морската сол за неколку минути ќе ги стимулираат движењата на дебелото црево, пренесува Телеграфи.
Исто така, растителните влакна се моќна помош за варење, тие се есенцијални хранливи материи и ги има во многу во овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, јаткастите плодови, семките. Тие можат да го регулираат запек, но и прекумерно активни црева.
Меѓутоа, решението кое најдобро ги чисти цревата е мешавина од свеж сок од лимон, лажичка мед и малку сол, која треба да се измеша со топла вода и да се пие наутро на празен стомак. Овој пијалок е добар начин да се разбуди телото и да се промовира добрата функција на дебелото црево.
Се препорачуваат и сокови од овошје и зеленчук. Соковите од јаболко, лимон и алое вера се ефикасен начин за чистење на дебелото црево. Покрај тоа, на овој начин ќе му ги обезбедиме на телото сите хранливи материи и витамини кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем.
Покрај тоа, билните чаеви се традиционален лек за цревата. Лаксативните билки како што се алое вера и корен од равнец се моќни средства против запек.