Расте бројот на загинати и повредени во силниот земјотрес што го погоди западен Непал. Најмалку 157 луѓе загинаа, а 170 се повредени.
По синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала во областа Јајаркот во провинцијата Карнали уследиле повеќе потреси.
Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 километри.
Хималаите, каде што се наоѓа Непал, е геолошки исклучително активна област. Индиската тектонска плоча годишно се повлекува за два сантиметри од евроазиската плоча, што предизвикува силни земјотреси.