Расте бројот на заболени деца со грип: Децата со симптоми да не одат на училиште и во градинка

Бројот на деца заразени од вирози е значително зголемен.

Најпогодени се децата од возрасната група од 3 месеци до 2 години.
Децата се праќаат на клиника со висока температура и проблеми во горниот респираторен тракт.

Во педијатриското одделение во Кичево на дневно лекување се јавуваат над 30 деца, но не е мал ниту бројот на хоспитализирани пациенти.

-Оние деца кои се со посериозни симптоми, ги хоспитализираме, ги лекуваме овде и ги држиме под наша контрола, што не е мал број на деца туку значителен, додека останатото огромно мнозинство, кое исто така е значителна бројка, во рок од 24 часа во дневната болница лекуваме околу 30 деца секој ден и имаме хоспитализирано некаде околу 10 до 15, вели Џабир Бајрами, спец. педијатар.

Овој зголемен број на деца со вируси сега доаѓа во пресрет на зимската сезона и во време кога е започнат воспитно-образовниот процес, каде што има поголема концентрација на деца. Специјалистот за педијатрија Бајрами апелира до родителите кои забележуваат симптоми на грип кај своите деца да не ги праќаат на училиште или градинка.

-Сега со почетокот на дневниот престој во градинките и учебната година ризик фактор е за зголемување на бројот на болни, со секој собир на деца особено во градинките, во прво и второ одделение во основното образование болеста веднаш стана широко распространета кај децата и гледаме дека вирусот е поизразен, вели Џабир Бајрами, спец. педијатар.

За да се избегнат вирозите, лекарите апелираат на децата да им се дава здрава храна, витамини, течности, да се проветруваат просторите, да се држат подалеку од местата каде се пуши и да се одржува максимална хигиена.