Расте бројот на заганати при уривањето на ноќниот клуб: Најмалку 218 загинати, голема трагедија во Санто Доминго, меѓу загинатите гувернерот и познат пејач (ФОТО)

Бројот на жртвите од уривањето на покривот на ноќниот клуб Џет Сет во Санто Доминго ноќта меѓу понеделникот кон вторникот се искачи на 218, соопштија денеска спасувачките служби.

Хуан Мануел Мендес, директор на Центарот за итни операции, изјави дека 189 луѓе се спасени.

101 АП Рикардо Хернандез.jpg

Загина и гувернерот на провинцијата Монтекристи, Нелси Круз, како и популарниот пејач Руби Перез, кој настапуваше кога се урна покрив во главниот град на Доминиканската Република.

Причината за уривањето на покривот сè уште не е објавена.