Еден килограм злато од 24 карати достигна цена од 92 илјади и 4евра.
Со покачување на цената на златото опадна побарувачката од граѓаните за него. Ова го чувствуваат и продавачите во Скопската чаршија. Неџбедин Буши за ТВ21 рече дека има побарувачка само за основен накит од злато.
„Со неодамнешниот пораст на цената на златото, побарувачката е се помала“.
Што се бара повеќе?
„Има некои основни работи што мора да ги има млад пар кој има намера да се венча, како што се бурми, прстени, комплет, скромен, а тоа е основното без кое апсолутно не можете, а потоа, желбите зависат од можностите“.
Правејќи споредба со минатите години, вели дека порано сватовите купувале златен накит, а сега поевтино им е со пари наместо еден грам злато.
„Претходно, на секоја свадба, дури и кога одеа младоженците, носеа подарок прстен, ланче или нараквица, во зависност од тоа колку е блиско семејството или пријател. Сега, ова е минато, сите одат на свадби со плик оти цената на златото е висока“, вели Неџбедин Буши.
Дали е загрозен бизнисот на златарите?
„Златарството како занает постоел уште од древните времиња и не е од тие занаети кои се загрозени бидејќи потребата за накит постоела, се додека има љубов ние не сме загрозени“, вели Неџбедин Буши.
Златото се искачи на рекордно високо ниво бидејќи инвеститорите инвестираат во безбедни средства, додека загриженоста за трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг се продлабочува.