РАФАЕЛ НАДАЛ ГО ЗАГРИЖИ ТЕНИСКИОТ СВЕТ, ќе игра на Ролан Гарос само под еден услов, чичко му ја откри вистината

Тој го откажа и учеството во Мадрид.

Тони Надал, вујко и поранешен тренер на Рафаел Надал, е убеден дека се уште има шанса да се натпреварува на Ролан Гарос и да го освои.

Разговарав со него во саботата. Ќе се врати само ако е во добра состојба, сто проценти. Во спротивно, тој знае дека нема да биде добро за него. Тој играше на Австралија опен без да биде на својот врв. Мислам дека неговата желба е да има убаво чувство додека игра – потенцира Тони во интервју за Радио Монте Карло.

  • Тој рече дека сака да дојде на Ролан Гарос со многу самодоверба и во добра состојба. Засега ќе треба да почекаме. Сепак, сè уште има во главата да се обиде да победи таму уште еднаш – изјави вујкото на Рафа и поранешен тренер Тони Надал, а од се може да се заклучи дека мали се шансите да го видиме во Париз.

Инаку, Рафаел го немаме видено на теренот цели три месеци, од Австралија опен.

Тој нема да биде таму ниту следната недела во Мадрид, а доколку ја пропушти сезоната на земјена подлога и не го одбрани пехарот во Париз, ќе испадне од топ 100 на светската листа.