РАФАЕЛ НАДАЛ ИМА АМБИЦИОЗЕН ПЛАН – Шпанецот ќе се врати следната година и ќе нападне дури два Грен Слем турнири: “Тоа е негова желба!“

Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал би можел да се врати на терените на почетокот на следната година на Австралија Oпен, најви неговиот вујко и директорот на неговата тениска академија Тони Надал за шпанските медиуми.

Сега 37-годишниот Шпанец е надвор од терените од јануари откако го повреди мускулот на левата нога во Мелбурн.

слика
Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал

Последниот натпревар Рафаел Надал го одигра на 18. јануари, во второто коло на Австралија Опен, кога во три сета беше поразен од Американецот Мекензи Мекдоналд.

Пред неколку месеци тој најави дека 2024 година ќе биде година на неговото пензионирање поради низа повреди, но не се осмели да каже на кои турнири ќе игра, како и точниот датум на враќање на терените.

Рафа е добро, се уште се опоравува. Закрепнувањето оди според планот и засега нема никакви проблеми. Рафа тренира на терените на неговата академија во Мајорка и го чека почетокот на следната сезона. Ако се биде како што треба планирано треба да се врати на теренот на Австралија Опен во 2024 година. Тоа е и негова желба“, потенцира Тони Надал.

Тоа е амбициозна спортска цел, велат медиумите, бидејќи во последните месеци се шпекулира дека Рафаел Надал ќе игра само на Ролан Гарос – неговиот омилен турнир – и на Олимписките игри во Париз во 2024 година следната година.

Рафаел Надал во кариерата освои 22. Грен Слем турнири.