Рафа блесна како никогаш до сега! Шпанецот му одржа лекција на 21 година помладиот Американец: Надал го ,,скрши” Бланш во второто коло во Мадрид (ВИДЕО)
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на тенискиот турнир во Мадрид.
Победи над Американецот Дарвин Бланш со 6:1, 6:0.
Рафа одлично го отвори овој меч и веќе во вториот гем стигна до брејк (2:0) против 16-годишен тенисер кој не најде начин да му се закани на 21-годишниот колега. Наскоро Надал направи нов брејк (5:1) и во следниот гем го доби првиот сет без да загуби поен.
Како и во минатото, кога шпанскиот тенисер владееше со „белиот спорт“, одржа „лекција по тенис“ на подлогата на која е неприкосновен – земјата. Тој ги искористи сите слабости на својот помлад колега и веднаш на почетокот на вториот сет му го одзеде сервисот (1:0).
Продолжението на играта не донесе многу возбудувања, Надал рутински го приведе мечот кон крајот и по долго време блесна со својата стара слава. Барем на овој натпревар.