Рација во Велес: Запленети 37 илјади евра и наркотици

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СПБ Велес, во координација со јавниот обвинител, спроведоа заедничка и координирана истрага на подрачјето на Велес против лица за кои се знае дека се вклучени во случајот со купопродажбата на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29.11.2024 година и за кој СВР Велес поднесе кривични пријави против три лица.

Во рамките на истрагата, денес (11.06.2025 година), по наредба на Основниот суд Велес, извршени се рации на неколку локации во Велес и велешко. Рации се извршени во куќата на А.В. (53) во Велес, во куќата, станот и викенд-куќата на С.С. (47) во Велес и Чашка, во куќата и парцелата на А.Ц. (29) во Велес и во станот на В.Л. (41) во Велес.

При претресите се пронајдени и запленети кокаин, приближно 37.000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои се сомнева дека се од кривично дело. Исто така, во текот на денот, СВР Велеси ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице.