Рајски остров само за вас! Задоволство за кое не ви требаат многу пари, а ќе бидете сами

Остров кој е создаден само за вас, а во неговата привлечност можете да уживате за малку пари.

Сите сонуваме да бидеме на дестинација која би била само наша. Спроведувањето на таква идеја обично бара многу пари. Но, дали знаевте дека постои остров кој можете да го изнајмите за вас и вашите пријатели и дека во одреден период од годината ве чини само 360 долари.

Тоа е островот Брат, Ел Нидо на Филипините, кој се наоѓа во близина на островот Палаван, на западниот дел на овој остров, кој се карактеризира со бујна тропска вегетација.

Среќниците кои биле таму велат дека овој остров може да прими до 15 гости, но тие се флексибилни и може да се додадат неколку дополнителни кревети.

Одличен е за посебни прилики, како што се свадби, семејни настани или само собир на пријатели. Дополнителна услуга може да биде тоа што ќе организираат диџеј кој ќе свири само за вас, со доплата, а можете да ангажирате и готвач, кој ќе ја подготви храната што ја сакате.