Реакциите на НАТО, Германија, Британија,… – по изјавата на Макрон за „можноста за распоредување војници во Украина“
По состанокот на европските лидери во Париз во понеделникот, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека испраќањето западни трупи во Украина „не може да се исклучи“.
А неговите коментари добија брз одговор од различни лидери, со јасна порака: тоа нема да се случи, пишуваат странските медиуми,
Реакција стигна и од Русија, каде што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторникот изјави дека конфликтот со Русија ќе биде неизбежен доколку западните земји испратат војници во Украина.
Но, што велат другите западни земји?
НАТО : Официјален претставник на НАТО изјави за Си-Ен-Ен дека „нема планови“ за распоредување борбени трупи на теренот во Украина. Тие рекоа дека заедно со нивните сојузници веќе обезбедуваат „воена поддршка без преседан“ на земјата и ќе продолжат да ја поддржуваат европската нација како што тоа го правеше досега.
Германија : Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека нациите на состанокот се согласиле дека „нема да има копнени трупи, нема да има војници на украинска територија испратени таму од европските земји или државите на НАТО“.
Словачка : Словачкиот премиер Роберт Фицо во понеделникот предупреди дека предлозите на западните земји за испраќање војници во Украина ќе доведат до „значителна ескалација на тензиите“. Фицо рече дека неговата влада „никогаш нема да се согласи да испрати словачки војници во војната во Украина“.
Полска : Премиерот Доналд Туск објави дека земјата „не размислува да испрати наши војници во Украина“, но додаде дека мора да и помогне на Украина да се одбрани од руската инвазија, според полската агенција за печат (ПАП).
Унгарија : Министерот за надворешни работи Петер Сијарто објави дека Унгарија не е подготвена да испрати оружје или војници во Украина. „Војната мора да заврши, а не да се продлабочува и прошири“, рече тој во објавата на Фејсбук.
Обединетото Кралство : Велика Британија нема планови за распоредување војска во Украина, изјави во вторникот портпаролот на премиерот Риши Сунак, пренесе Ројтерс.