САД реагираат на Макрон: Нема да испраќаме војници да се борат во Украина

Во текот на денот слушавме како претставници од целиот свет реагираа на сугестија на Франција дека не треба да се исклучи опцијата за испраќање војници во Украина.

Сега Белата куќа ја коментираше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека САД нема да испраќаат војници да се борат против Русите, пренесува skynews.

„Претседателот Џо Бајден беше јасен дека САД нема да испратат војници да се борат во Украина“, рече портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон.

Коментарите дојдоа откако американскиот претседател се состана со државни претставници на разговори околу прашањата за финансирање, вклучително и помошта за Киев.

Голем број други земји, вклучително и Велика Британија, Италија, Германија и Полска, исто така рекоа дека немаат намера да испраќаат копнени трупи во украинската држава.

Вториот повеќе од две години се бори против Русите, кои ја започнаа неоправданата инвазија во 2022 година.