За неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалник – војната меѓу нарко картелите за контрола на територии продолжува

Двајца кандидати за градоначалници во мексиканскиот град Мараватио, Мичоакан се убиени за неколку часа еден од друг, бидејќи експертите предупредуваат дека изборите на 2 јуни би можеле да бидат најнасилните во историјата на земјата.

Проширената контрола на нарко картелите во Мексико е опишана како закана. За време на последните национални избори во 2021 година, беа убиени околу триесетина кандидати, пренесува nbcnews .

Државното обвинителство во вторникот соопшти дека Армандо Перез бил смртно застрелан во неговиот автомобил во Мараватио непосредно пред полноќ. Тој беше кандидат за градоначалник на партијата „Конзервативна национална акција“.

Неколку часа претходно, претставници на владејачката партија Морена потврдија дека нивниот кандидат Мигел Анхел Завала бил застрелан во неговото возило.

Западната држава Мичоакан е тешко погодена од војни со банди, при што картелот Халиско Нова генерација се бори за контрола на територијата со локална банда позната како Вијагра.

Мичоакан има петти најголем број напади врз политичари и владини функционери во 2023 година, зад државата Гереро на југ и државата Гуанахуато на север. Поголем број на напади имаа и Закатекас и Веракруз.

Парламентарните избори во Мексико се закажани за 2 јуни годинава, додека предизборната кампања официјално започнува во петок (1 март).