Реакциите на Хилари Клинтон и Камала Харис станаа вирални по ветувањето на Трамп за Мексиканскиот залив

Вчера Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД, а неговиот инаугуративен говор беше најдолгиот во последните 96 години, од говорот на Херберт Хувер во 1929 година.

Посебно интересен дел од говорот беше поврзан со преименувањето на Мексиканскиот залив и планината Денали на Алјаска.

Трамп вети дека ќе го смени името на заливот во „Американски залив“, што предизвика смеа кај поранешните високи американски функционери кои седеа зад него.

Така, на социјалните мрежи вирална стана реакцијата на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, како и на поранешната потпретседател на САД Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф.

Инаку, вреди да се истакне дека Трамп по завршувањето на формалниот дел од инаугурацијата почна да потпишува извршни решенија.

Еден од нив е преименувањето на Мексиканскиот залив во Залив на Америка, но оваа промена ќе се одрази само во официјалните документи на САД, а не надвор од границите на оваа земја.

Исто така, Трамп го смени името на планината Денали на Алјаска, која сега повторно се нарекува „Меккинли“, по поранешниот американски претседател Вилијам Мекинли.