Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението од Стево Пендаровски: “Изгубен во просторот и времето и со мислите како само да се додвори до ДУИ и СДС за поддршка на нов мандат за претседател на државата“

Пендаровски наместо да глуми циркузант и да се умилкува кај СДС и ДУИ одговорност треба да побара кај нив за преименувањето на Втора македонска бригада

Изгубен во просторот и времето и со мислите како само да се додвори до ДУИ и СДС за поддршка на нов мандат за претседател на државата Стево Пендаровски глуми загрижен претседател.

Со доверба некаде околку нулата Пендаровски реши да каже нешто во јавноста, правејќи се циркузант.

Пендаровски, како претседател докажа дека има тотално непознавање од законите, нормите и надлежностите во државата. Каква инспекција бара Пендаровски во општина Чаир, кога општината нема никаква надлежност, туку таа надлежност ја има Градот, како и централната власт.

Ако не знае, нека прочита и дознае, дека одлуката за преименување на улицата Втора македонска ударна бргада ја има донесено Град Скопје, Советот на градот Скопје, со претходна согласност и мислење на владата.

Овие промени се донесени во март 2021 година, каде тогаш градоначалник е Петре Шилегов, мнозинство во советот на Град Скопје се ДУИ и СДС, а на чело на владата исто така ДУИ и СДС.

Наместо да глуми циркузант и да се умилкува во ДУИ и СДС, нека побара одговорност од власта и претходното раководство во градот Скопје.

Со почит,
 
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ