Реал Мадрид го претстави новиот дрес: Навивачите се воодушевени (фото/видео)

Реал Мадрид го претстави својот трет сет дресови за претстојната сезона, а нивниот изглед и боја ги воодушевиа навивачите на Кралскиот клуб, како и фудбалската јавност.

Германскиот бренд „Адидас“, кој е снабдувач на опрема за клубот од „Сантијаго Бернабеу“, создаде прекрасен син дрес со бели детали.

Грбот на Реал е претставен во традиционални бои, на десната страна од градите е винтиџ лого на Адидас, а деталите се претставени во бела боја.

Со оглед на тоа дека ова е трет сет, овој дрес ретко ќе се користи на натпреварите, но навивачите веќе полудеа по него и нема сомнение дека сите копии од официјалната продавница за навивачи ќе бидат купени за рекордно време.

Иако некои навивачи ги споредуваат со дресовите на Арсенал и Челзи, нема негативни коментари, а многу од нив веќе објавија дека ќе станат сопственици на овој дрес.

Претходно, Кралскиот клуб го претстави својот главен – домашен – сет дресови, кои се во традиционалната бела боја со златни и црни детали.

Новата сезона на шпанската Ла Лига започнува на 15 август, за кога е закажано првото коло, а „Кралците“ ќе го играат својот прв натпревар четири дена подоцна кога ќе ја пречекаат Осасуна во Мадрид.