РЕАЛ МАДРИД ПОДГОТВУВА СПЕКТАКУЛАРНИ ТРАНСФЕРИ – Се создава ли нов ‘супер тим’ кој ќе владее со Европа !? Пристигнуваат ѕвезди вредни 300 милиони евра

Реал Мадрид планираат спектакуларен, кралски преоден рок на „Сантијаго Бернабеу“. Според тврдењата на спортскиот весник AS, тие планираат да доведат не една туку две големи ѕвезди во својот тим, кои ќе ја започнат ерата на новите „Галактикос“, кои ќе владеат со европскиот фудбал во следните десет години.

Работата околу потписот на Џуд Белингам е пред финализирање, се вели дека останува само Реал Мадрид и Борусија Дортмунд да се договорат за динамиката на плаќање на трансферната сума, па сега во Мадрид да се посветат на нова мета – Килијан Мбапе.

слика
Џуд Белингам

Капитенот на француската репрезентација во неколку наврати беше на прагот да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, последен пат ова лето кога го продолжи договорот со ПСЖ до летото 2025. Сепак, Реал Мадрид не се откажа од него. Згора на тоа, следното лето мадридскиот клуб уште еднаш ќе го нападне неговиот потпис.

Имено, се шпекулира дека последната година од договорот на „Паркот на принцовите“ е „опционална“, односно дека потпишал на 2 + 1 сезона. Доколку изјавата е точна, тоа конкретно би значело дека ПСЖ може да се најде во незавидна ситуација во текот на летото, односно или да почне да преговара за нов договор и да го потпише, или ќе се најде под реална закана дека ќе го загуби без отштета во 12. месеци.

Transfermarkt.de ја проценува пазарната вредност на Белингем на 120 милиони евра, а на Мбапе на 180 милиони евра.