Реал Мадрид ќе отвори тематски парк во Дубаи

 – Реал Мадрид, во соработка со корпорацијата за туризам и трговија во Дубаи, ќе отвори тематски парк во градот, пренесува „Goal“.

Страните го потпишаа соодветниот договор на 5 октомври. Тематскиот парк ќе се наоѓа во „Dubai Parks and Resorts“ – најголемиот забавен комплекс на Блискиот Исток. 

Во рамките на паркот ќе има музеј, разни атракции и продавници за сувенири поврзани со клубот од Мадрид кои ќе бидат достапни за посетителите.

Датумот на отворање на паркот и висината на трансакцијата не се објавени.