Реал со поддршка за Надал по елиминацијата во првото коло на Ролан Гарос

 Реал Мадрид му дава поддршка на шпанскиот тенисер Рафаел Надал по неговата елиминација во првото коло на Ролан Гарос 2024 година.

-Ти секогаш остануваш одличен пример за нас на и надвор од теренот, драг Рафаел. Ние сме многу горди на една таква голема легенда и секогаш ќе бидеме со тебе во сите искушенија. Само напред, Рафа! – порача Реал Мадрид во порака на социјалната мрежа Х.

Триесет и седумгодишниот Надал загуби од Германецот Александар Зверев во првото коло на Отвореното првенство на Франција – 3:6, 6:7 (5:7), 3:6. 

По поразот, Шпанецот изјави дека овој меч може да му биде последен на Грен слемот во Париз.