Револуционерно откритие! Доказите открија дека постои состојба помеѓу животот и смртта – еве што се случува во телото
Враќањето во живот на покојникот е состојба помеѓу животот и смртта која научниците ја нарекуваат „трета состојба“.
Новото истражување докажува дека „трета состојба“ навистина постои во модерната биологија.
Според истражувачите, третата состојба е кога
клетките на мртвиот организам продолжуваат да функционираат по смртта.
По смртта клетките стекнуваат нови способности
Неверојатно е што по смртта на еден организам, одредени клетки стекнуваат нови способности кои ги немале во животот.
Новата студија за физиологија беше предводена од професорот Питер Нобл од Универзитетот во Вашингтон во Сиетл и Алекс Пожитков од Националниот медицински центар Град на надежта, Дуарте Калифорнија.
Појавата на нови повеќеклеточни форми на живот од клетките на мртвиот организам воведува во „трета состојба“ која се наоѓа надвор од традиционалните граници на животот и смртта.
– Одредени клетки – кога се обезбедени со хранливи материи, кислород, биоелектрицитет или биохемиски сигнали – имаат капацитет да се трансформираат во повеќеклеточни организми со нови функции по смртта – велат научниците.
Интересно истражување
Тим научници ги проучувале претходните истражувања за способноста на клетките да преживеат во различни форми, откако организмот ќе ги изгуби своите витални функции.
Останува нејасно како одредени клетки функционираат во третата состојба по смртта на организмот, но едно потенцијално објаснување е дека постои систем на „електрични кола“ кои ги реанимираат клетките.
Неколку фактори можат да влијаат на тоа дали клетките ја имаат оваа способност, вклучувајќи ги условите на околината (како што е температурата) и изворите на енергија (дали имаат пристап до гориво и дали можат да метаболизираат).
– Метаболичката активност игра важна улога во тоа дали клетките можат да продолжат да опстојуваат и функционираат – изјави истражувачкиот тим.
Фактори како возраста, здравјето, полот и видот исто така влијаат на ова.
Откритието ќе ја трансформира медицината
На крајот, истражувањето укажува на „неистражени граници“ кои би можеле да ги доведат животинските клетки во трета состојба
– Ова истражување има потенцијал да ја трансформира регенеративната медицина, да ја редефинира правната смрт и да обезбеди увид во физиолошките граници на животот, паралелно со истражувањата во ембриогенезата – заклучуваат авторите на истражувањето, пренесува Conversation.