Револуција во медицината: Новата алатка со вештачка интелигенција знае од што ќе се разболиме – со прецизност од дури 10 години
Научниците развија нова алатка базирана на вештачка интелигенција која може да го предвиди ризикот од повеќе од 1.000 болести и да ги предвиди промените во здравјето на една личност до десет години однапред.
Оваа генеративна алатка за вештачка интелигенција е развиена од експерти од Европската лабораторија за молекуларна биологија (EMBL), Германскиот институт за истражување на ракот и Универзитетот во Копенхаген, користејќи алгоритамски концепти слични на оние што се користат во јазичните модели на големи размери (LLM), објави денес „Гардијан“.
Здравствените случаи честопати следат предвидливи шеми. Нашиот модел на вештачка интелигенција ги учи овие шеми и може да ги предвиди идните здравствени исходи – рече Томас Фицџералд, истражувачки соработник во Европскиот институт за биоинформатика EMBL (EMBL-EBI).
Алатката работи така што проценува дали и кога е веројатно дека некое лице ќе развие болести како што се рак, дијабетес, срцеви заболувања, респираторни заболувања и многу други нарушувања.

Наречена „Делфи-2М“, алатката бара „здравствени случаи“ во историјата на пациентот, како што се дијагнози на болести, заедно со фактори како што се дебелина, пушење, консумирање алкохол, како и возраст и пол.
Обучена и тестирана на анонимизирани податоци од 400.000 луѓе и 1,9 милиони пациенти, алатката предвидува здравствени ризици слични на прогнозата за 70 проценти веројатност за дожд во текот на викендот.