Револуција во фудбалот е на прагот: Изведувањето на пенали за време на натпреварот ќе претрпи неверојатна промена
Во светот на фудбалот се подготвува нова револуција кога станува збор за изведување пенали за време на натпреварот, што, без сомнение, ќе ја револуционизира најважната споредна работа на светот.
Имено, поранешниот шпански судија Едуардо Итуралде Гонзалез, кој судеше во шпанската Ла Лига од 1995 до 2012 година, во емисијата на „Карусел Депортиво“ објави дека правилата треба да се променат следната година.
„Се подготвува револуција кога станува збор за пеналите. Откако голманот ќе одбрани удар, тоа е тоа. Нема да има шанса некој повторно да дотрча и да шутира. Играта веднаш ќе престане и ќе продолжи со гол-аут“, рече Итуралде.
Причината за ова е што напаѓачкиот тим, со тоа што има можност да постигне гол од одбиена топка, добива нефер втора шанса, особено затоа што голманот е ограничен со правилото дека барем едната нога мора да остане на гол-линијата.
Исто така, воведувањето на новото правило би ги елиминирало честите контроверзии околу предвременото влегување на играчите во шеснаесетникот за време на изведувањето на пеналите.
Новото правило, доколку биде одобрено од Меѓународниот одбор на ФИФА (ИФАБ), би можело да стапи на сила веќе на Светското првенство во 2026 година.