Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е Ами Ларсон Џаин и придружната делегација.
Двајцата соговорници разговараа за квалитетната и интензивна соработка помеѓу двете земји и министерства при што од страна на министерот Оливер Спасовски беше упатена благодарност за поддршката што Владата на Кралството Шведска ни ја дава на патот кон евроинтегративниот процес, како и за континуираното зајакнување на капацитетите на полицијата од страна на шведската полиција.