Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2-0 на Вембли во Лондон и го освои 15-от трофеј во Лигата на шампионите во историјата на клубот.
Стрелци беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
Карло Анчелоти со тоа стана рекордер со пет европски титули. Тој ги освои првите две европски титули со Милан во 2003 и 2007 година, а потоа уште три со Реал Мадрид во 2014, 2022 и 2024 година.
There’s nobody like Carlo Ancelotti. 😂🤍 pic.twitter.com/h0fD4rFOat
— TC (@totalcristiano) June 1, 2024
Анчелоти го држи и рекордот за шест европски финалиња, загуби само едно, она од 2005 година со Милан, кога италијанскиот клуб водеше со 3-0 на полувремето против Ливерпул, а потоа ја загуби предноста во остатокот од мечот, попуштајќи на крајот со казни.
Зад него Гвардиола и Зидан
Шпанскиот фудбалски стручњак Пеп Гвардиола, Французинот Зинедин Зидан и Англичанецот Боб Пејсли имаат по три европски круни. Гвардиола ги освои првите две европски титули на чело на Барселона во 2009 и 2011 година, а минатата година со Манчестер Сити. Зидан ги освои сите три титули со Реал во 2016, 2017 и 2018 година, а Пејсли со Ливерпул во 1977, 1978 и 1981 година.
Да додадеме уште дека само шест тренери ја освоија европската титула со два различни клуба – Анчелоти (Реал Мадрид, Милан), Ернст Хапел (Феенорд, ХСВ), Отмар Хицфелд (Борусија Дортмунд, Баерн Минхен), Жозе Мурињо (Порто, Интер) Јуп. Хејнкес (Реал Мадрид, Баерн) и Гвардиола (Барселона, Манчестер Сити).
Тренери со најмногу Лига на Шампиони
5 – Карло Анчелоти (Милан 2003, 2007, Реал Мадрид 2014, 2022, 2024)
3 – Зинедин Зидан (Реал Мадрид 2016, 2017 и 2018) 3
– Боб Пејсли (Ливерпол 19171) 19171
Пеп Гвардиола (Барселона 2009, 2011, Манчестер Сити 2023)