Ретрограден Меркур во Риби тргна напред! На овие знаци конечно ќе им се раздени

Меркур, планетата на логичното расудување и комуникација, излезе од своето ретроградно движење и се придвижи напред во Риби, што покажува дека претстојат денови кога преговорите ќе бидат можни и комуникацијата ќе биде подобра.

Ретроградниот Меркур често е синоним за недоразбирања, одложувања и интроспекција, но кога конечно ќе се движи напред – особено кај Рибите – носи чувство на олеснување и појасна перспектива.

Донесување подобри одлуки

Меркур во Риби е веќе природно интуитивен , но за време на ретроградниот период може да предизвика конфузија, нејасни мисли и враќање на нерешените ситуации од минатото.

Кога оди директно, тоа носи можност појасно да се види сето она што сме го анализирале и испрашале и да се донесат конкретни одлуки.

Подобра комуникација

Ова е моментот кога комуникацијата станува полесна, се разјаснуваат недоразбирањата, а внатрешниот хаос полека добива смисла. Со оглед на тоа дека Рибите владеат со соништата, креативноста и духовноста, сега е идеално време да ги претворите фантазиите во реалност и да донесувате одлуки од срце, но со појасна слика.

Ако се чувствувавте како да сте во магла за време на ретроградноста на Меркур, сега таа магла полека се крева – носи нова перспектива и можност за напредок.

Ретроградниот Меркур кај Рибите најмногу ги погоди Рибите, Стрелците, Девицата и Близнаците. Сега, додека се движи напред, Меркур конечно ќе донесе ослободување за овие знаци и појасна перспектива.