Ретрограден Јупитер во Близнаци тргна напред! 3 знаци излегуваат од хаотичен период

Јупитер во Близнаци е транзит кој носи проширување на знаењето, комуникацијата и идеите, но кога е ретрограден, може да предизвика преиспитување во овие области од животот.

Сега кога ретроградниот Јупитер тргна напред  (5 февруари), работите се враќаат во фокусот и се отвораат нови можности за проширување на хоризонтите, донесување одлуки и подобрување на комуникацијата. Ретроградниот Јупитер носи среќа и успех за Близнаците, Вагите и Водолиите. Можеме да кажеме дека овие знаци излегуваат од кризата. 

Нови перспективи

Се очекува подобрување во областите на образованието, патувањето, социјалните интеракции и интелектуалниот развој. Ако сте се чувствувале заглавени со некои проекти, студии или донесување одлуки, сега е време да продолжите напред со поголема самодоверба. Ова е период кога може да се откријат нови перспективи и идеи кои претходно беа во мирување.

Разбирањето се подобрува

За оние кои се вклучени во пишување, предавање, маркетинг или каква било форма на комуникација, ова може да биде многу плоден период . Исто така, односите со браќата и сестрите и блиските пријатели може да се подобрат, а разбирањето меѓу луѓето може да стане појасно и подиректно.

Генерално, директниот транзит на Јупитер во Близнаците носи оптимизам, интелектуална љубопитност и нови можности за раст преку размена на информации и искуства.