Меркур, планетата на комуникацијата и логичкото расудување, беше ретроградна во Лав до 11 август, па сега се движи напред и им носи олеснување на Лавовите, Водолиите, Биковите и Шкорпиите.
Ретроградниот Меркур во Лав донесе период кога мислите, комуникацијата и одлуките беа свртени кон минатото, преиспитувајќи го егото, гордоста и изразувајќи го сопствениот идентитет.
Веројатно сте забележале дека имало недоразбирања во комуникацијата , како и технички грешки и одложувања во плановите.
Појасна комуникација и подобри одлуки
Сепак, бидејќи Меркур е во директен тек, особено во Лав, сè што било замаглено или одложено почнува да се расчистува. Ова е моментот кога комуникацијата станува појасна, изразувањето поавтентично, а одлуките се донесуваат со поголема самодоверба. Идеите што созреале во тишина сега излегуваат на виделина.
Луѓето сега ќе можат полесно да ги изразат своите мисли и чувства.
Нови проекти
Ова е одлично време за започнување креативни проекти, донесување важни одлуки кои бараат храброст, како и за обновување на раскинати врски, особено ако имало несогласувања поради гордост или его.
Лав носи кралска сила и желба за личен сјај, а Меркур сега ни помага да го изразиме тоа на вистински начин.