Ретроградниот Меркур во Стрелец доаѓа: 4 знаци треба да се подготват за удар пред крајот на 2025 година

Ретроградниот Меркур нè очекува на 10 ноември во огнениот знак Стрелец и ќе трае до 30 ноември, а ќе има влијание врз Стрелец, Близнаци, Девица и Риби.

Ретроградниот Меркур во Стрелец носи период кога вистината, комуникацијата и плановите се тестираат преку недоразбирања, неуспеси и погрешни проценки.

Стрелецот е знак на ширина, слобода и филозофски поглед, но кога Меркур оди ретроградно во овој знак, оптимизмот може да стане неодговорен, а зборовите можат да бидат погрешно разбрани.

Претерува со ветувањата

Луѓето во овој период често зборуваат повеќе отколку што треба или ветуваат што не можат да исполнат. Можни се забуни при патувања, особено во странство, како и недоразбирања околу законот, образованието и плановите за иднината, како и дефекти во станот. 

Преиспитување на верувањата

Ова е време да застанете и повторно да ги процените вашите верувања. Ретроградниот Меркур во Стрелец нè поттикнува да се вратиме на основите, да размислиме дали нашите идеи навистина се засноваат на вистина или само на ентузијазам. Многумина ќе се соочат со потребата да признаат грешки во размислувањето или комуникацијата, а лекцијата од овој транзит е да научиме да ги слушаме другите толку внимателно колку што сакаме тие да нè чујат нас.

Иако може да донесе конфузија, ретроградниот Меркур во Стрелец има и позитивна страна, нè враќа кон старите соништа, заборавените планови и идеи на кои сега може да им се даде нова цел. Ако не брзате, туку дозволите вашите мисли да се смират, овој период може да стане време на длабоко разбирање и мудрост што доаѓа од искуството.